top of page

Порака 2020

наменети за изложба во КИЦ на Р. Северна Македонија во Софија

Поддржано од Министерство за култура на Р. Северна Македонија

          Авторот Роберт Цветковски тргнува од природата за постепено со гестуални движења, со елементарни ликовни елементи, да не’ внесе во суштината на композицијата. Тој е вистински колорист, но пред се’ сликар на акцијата, бојата и формата. Интензитетот на бојата Цветковски го смирува со повремено поставување на контури, оставајќи чиста површина. Авторот ги организира своите асоцијации, внатрешни вибрации, Ослободувајќи ја онаа енергија која што создава сопствена калиграфија и ја иссликува сопствената ликовна приказна. Авторот не го слика автентичниот или конкретниот лик на своето поднебје, туку себе си и своите дилеми во однос на пределот, своите доживувања и визуелни сензации. Делата на Роберт Цветковски стануваат свет во кој ликовните решенија добиваат душа, вдахната од духовната состојба на уметникот. Да се патува низ делата, да се почувствува нивната приказна, мракот да стане светлина, а недостатокот да го прекрие колоритот значи да се допре до вистинскиот израз на опкружувањето, а притоа да се согледа неговата вечна убавина, неговата трајност и постојаност, независни и силни, вечни и безвремени.

                                                                                                                                                                               

                                                                                                                                                                                  - Александар Филев, уметник

bottom of page